Фијаското на Александер Арнолд – најмногу загубени топки во Премиер-лигата

Трент Александер Арнолд сезонава е бледа копија од десниот бек што доминираше ланската сезона во дресот на Ливерпул, но англискиот репрезентативец го допре дното на синоќешниот дуел со Саутемптон.

Тој најпрвин се посрамоти со почетничката реакција со која му овозможи на Дени Ингс да излезе сам и да го донесе Саутемптон во водство, но најлошото од Александар Арнолд допрва следеше. Педантните англиски статистичари пресметаа дека тој имал 28 промашени додавања, како и вкупно 38 загубени топки, две категории во кои е апсолутен неславен рекордер во Премиер-лигата за оваа сезона.

И тоа, не за 90 минути, бидејќи Клоп реши да го повлече од игра, свесен дека младиот дефанзивец е далеку под секое нормално премиерлигашко ниво.

Се вчитува...