Милвоки триумфираше над Детроит со 125-115 благодарение на извонредниот Јанис Адетокумбо, кој доминираше на двете страни од рекетот. Грчкиот „ѕвер“ го одигра својот најдобар меч сезонава постигнувајќи 43 поени, надополнети со девет скокови и четири асистенции. Мидлтон придонесе со 19 поени во овој триумф на Милвоки, додека кај Детроит најефикасни беа Роуз и Грант со по 24 поени, премалку за да се изненади големиот фаворит.
Стеф Кари продолжи со одличните игри, па неполни 24 часа по извонредниот настап и 62-та поени со Портланд, извонредниот шутер беше расположен за игра и против Сакраменто. „Воините“ триумфираа со убедливи 137-106, Кари воопшто не влезе во последната четвртина, но сепак стигна до 30 поени, 8 скокови и 8 асистенции.
Филаделфија стигна до шестиот триумф во седмиот овосезонски меч, славејќи над Шарлот со 118-101.Харис беше прв стрелец за Филаделфија со 22 поени, додека Ембид стигна до дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови.
Бостон триумфираше на гостувањето против Торонто со 114-126 благодарение на Тејтум и неговите 40 поени, додека Њујорк изненади со победата во Атланта, трет триумф на никси на серијата од четири гостувања.
Резултати НБА:
Орландо – Кливленд 103-83, Филаделфија – Шарлот 118-101, Атланта – Њујорк 108-113, Мајами – Оклахома Сити 118-90, Торонто – Бостон 114-126, Хјустон – Далас 100-113, Милвоки – Детроит 125-115, Њу Орлеанс – Индијана 116-118 (по прод.), Голден Стејт – Сакраменто 137-106.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

