Двајца позитивни на Ковид-19 кај Барселона, се одложува мечот со Атлетик Билбао?

Постои можност за одложување на натпреварот меѓу Барселона и Атлетик Билбао поради двајца позитивни на коронавирусот во редовите на каталонскиот тим, пренесуваат шпанските медиуми.

Од Барселона синоќа потврдија дека двајца членови на стручниот штаб се позитивни на Ковид-19 поради што беше откажана и прес-конференцијата на Роналд Куман. За денеска се закажани тестови за сите фудбалери и членови на стручниот штаб, па доколку се појават позитивни меѓу фудбалерите натпреварот со Атлетик Билбао ќе биде одложен.

Откажан е и денешниот тренинг предвиден за 11 часот.

Се вчитува...