Кожув се враќа во тренинг-ритам: Најважно е што мина најлошото…

Кожув е тимот со најмал број на одиграни натпревари сезонава, само три, откако прволигашот од Гевгелија во изминатиот период се соочи со сериозни проблеми со коронавирусот. Алек Јончевски подолг период не можеше да го собере тимот за колективен тренинг, во меѓувреме се реши да ги промени странските кошаркари, но добра вест за оваа екипа е што веќе е влезена во тренажен процес во пресрет на продолжението од сезоната.

Кошаркарското првенство ќе продолжи на 16 јануари, но Кожув неколку дена претходно ќе одигра некој од заостанатите натпреври, најверојатно оној дуел од првото коло против Пелистер.

„Тренираме веќе неколку дена, оние кои имаа најсериозни последици од коронавирусот се уште не можат да дадат сто проценти, па логично е да ги штедиме и да не ризикуваме со нивното здравје. Најважно од се е што мина најлошото, што можеме да се сконцентрираме на тренинзите и на натпреварите кои ќе ни следат во наредниот период. Бидејќи имаме голем број на одложени средби, ќе мораме да играме на секои три-четири дена, но што е тука е, верувам дека ќе влеземе во посакуваниот ритам и што поскоро ќе влеземе во победничка серија“, истакна тренерот Александар Јончевски.

Се вчитува...