Насер Ал Атијах на Тојота стигна и до втората победа по ред на годинашното издание на релито Дакар. Катарецот етапа во должина од 629 километри која се возеше во Вади Ад-Давасир ја помина за време од 3:17:39 часа што беше за 2:27 подобро од второпласираниот Хенк Латеган исто така на Тојота.
Легендарниот Стефан Петерхансел ја задржа предноста во генералниот пласман откако денеска заврши на третото место со заостанување од 4:05 минути зад времето на победникот. Минатогодишниот шампион Карлос Сајнц имаше големи проблеми на третата етапа со навигацијата поради која на крајот заврши со заостанување од половина час зад времето на денешниот победник.
Во конкуренција на мотоциклисти триумфот му припадна на Тоби Прајс на КТМ, пред Кевин Бенавидес на Хонда. Третото место му припадна на Матијас Волкнер на КТМ кој го презеде водството во генералиот пласман по лошиот ден кој го имаше лидерот Жоан Бареда Борт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА