Никола Радовиќ од Борец се пресели во Пелистер

Никола Радовиќ е нов фудбалер на битолски Пелистер. Одличниот напаѓач од Србија го напушти велешки Борец и одлучи кариерата да ја продолжи во тимот од Битола.

Радовиќ во кариерата покрај за Борец, настапуваше и за српските Бачка, Радник, Борца, Јагодина и Слога Кралјево. Сезонава во тимот на Борец забележа петнаесет настапи во Првата македонска фудбалска лига на кои постигна два гола и забележа две асистенции.

Се вчитува...