Прволигашот Борец ги договори пријателските натпревари како дел од подготовките за пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.
Велешкиот тим подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги почне на 8. јануари. На 16. ќе ја одигра првата контролна средба со Академија Пандев во Струмица. Четири дена подоцна Борец ќе се сретне со Работнички во Велес, а потоа на 23. јануари тимот заминува за Струга каде ќе ги одработи базичните подготовки. Во Струга, Борец ќе одигра уште четири натпревари. Со Тетекс на 27. јанураи, а останатите три противника ќе бидат дополнително утврдени.
По враќањето од Струга тимот ќе одигра две контролни средби. Против Брегалница во Штип на 3. февруари и против Саса во Велес четири дена подоцна.
Борец во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната на домашен терен ќе го пречека Шкупи на 14. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

