Влахо: Работнички на крајот од сезоната да биде во горниот дел од табелата

Александар Влахо е новиот шеф на стручниот штаб на Работнички, кој по нешто повеќе од една година повторно се враќа во редовите на „романтичарите“.

Влахо беше на клупата на Работнички на почетокот на сезоната 2019/20, претходно има големо искуство како дел од стручниот штаб на Вардар во најплодниот резултатски период, како и интернационално искуство од Динамо Загреб, Рига и од Широки Бријег.

„Сакам да искажам благодарност до раководството на Работнички за новата соработка, за мене е голема чест да го предводам тимот, но секако и голема обврска. Можам да ветам напорна работа, со надеж за добри резултати во пролетниот дел од сезоната кои ќе го одведат тимот кон горниот дел од табелата во Првата лига“ – истакна новиот шеф на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалната интернет страница на клубот.

Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари. Првата прозивка е закажана од 12 часот во клупските простории.

Се вчитува...