Македонската ракометна репрезентација триумфално ја стартуваше 2021 година, славејќи на првиот дуел од двомечот против Чиле. Селекторот Брестовац имаше можност да види на дело голем дел од играчи кои досега не беа дел од неговите посериозни планови, простор за напредок (пред се во нападот) секако има, но севкупниот впечаток секако е позитивен.
Воигрувањето низ тренинзите и натпреварите во иднина ќе придонесе играта да се искачи на уште повисоко ниво, а советите на капитенот Лазаров, на тренинзи и натпревари секако се добредојдени за овие млади ракометари.
Оваа 2021 година тргна триумфално, дури и со подмладен состав, но се уште сме во исчекување на „новогодишниот подарок“ што би можел да пристигне од ИХФ – повик за Мундијалот во Египет, за кој Македонија го има статусот на прва резерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА