Тотенхем е на чекор до трофеј, ВАР го уништи Брентфорд

Тотенхем обезбеди пласман во финалето од лига-купот на Англија откако тимот на Жозе Мурињо го совлада Брентфорд со 2-0 во првата полуфинална пресметка. Со ова, „спарси“ се наоѓаат на чекор до освојување на првиот трофеј уште од 2008 година.

Сисоко со прецизен удар со глава ги донесе „спарси“ во водство, а Брентфорд постигна гол за израмнување во 64. минута, што за жал на гостите беше поништен со ВАР. Шест минути подоцна Тотенхем зголеми на 2-0 со погодокот на Сон, а Брентфорд го заврши мечот со десет фудбалери откако Дасилва доби црвен картон, повторно по интервенцијата на ВАР-судиите.

Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Се вчитува...