Поранешниот британски тенисер Тим Хенман смета дека Роџер Федерер се уште привлекува најмногу навивачи во светот на тенисот.
„Се радувам на враќањето на Федерер. Верувам дека тој и понатаму привлекува најмногу навивачи во нашиот спорт. Долго е отсутен. Убаво е да се чуе дека се зборува за негов кам-бек. Се надевам дека се ќе биде во ред и ќе може да настапи на Вимблдон и на ЛОИ во Токио“, изјави Хенман.
Швајцарецот не одигра официјален меч од јануари 2020 година, а минатата сезона покрај проблемите со пандемијата од коронавирусот тој ја пропушти и поради повредата на коленото, поради која мораше двапати да замине на операција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

