Жестоки навреди кон Серена Вилијамс: „Дебела си, повлечи се!“

Еден од најмоќните луѓе во светот на тенисот, милјардерот Јон Тириак повторно се нафрли со навреди кон легендарната тенисерка Серена Вилијамс.

Американката од почетокот на својата кариера е изложена на бројни критики поради физичкиот изглед, но сега еден од најмоќните луѓе во белиот спорт порача дека е конечно време да се повлече.

„Ако има и најмалку пристојност во неа, мора да се повлече. Со толку години и толкава тежина, таа не може да се движи. Мора да се повлече кога ќе се погледнат сите аспекти“ – вели романскиот милјардер.

Серена е со 23 Грандслем титули најтрофејната тенисерка во светот, а денеска на 39 години и натаму е една од најдобрите во светот.

Се вчитува...