Френк Лампард и Барселона се приказна која во 2005 година беше блиску до реализација. Каталонскиот тим со сите сили се обиде да го доведе Англичанецот во своите редови и да состави тандем во средниот ред со Деко, но под водство на Роман Абрамович, Челси беше на пат да стане гигант па „сините“ не дозволија својот миленик да замине од „Стемфорд Бриџ“.
Петнаесеет години подоцна, „Супер Френк“ се наоѓа на клупата на Челси, која што по серијата на лоши резултати, воопшто не е сигурна. Ситуацијата не е различна ни во Барселона, а како што пренесува каталонскиот новинар, Гријем Балаг, сонот на Лампард сега е клупата на каталонскиот состав. Англичанецот блескаше на „Камп Ноу“ во играчите денови, во моментов е далеку од преземање на Барселона, но никогаш не се знае што носи иднината. Како потсетување, погледнете го еден од најубавите голови постигнати во домот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

