Големите желби на Алаба не може да ги задоволи ниту Реал Мадрид

Давид Алаба одлучи да ги одбие сите понуди од Баерн Минхен што ги имаше и ќе го напушти клубот следното лето како слободен играч.Баварскиот гигант му понуди примамливи договори на австрискиот фудбалер, но откако тој и агентот Пини Захави ги одбија, Баерн повлече се што му понуди на својот долгогодишен играч.

Реал Мадрид е оној кој се смета за фаворит за доведување на 28-годишниот дефанзивец. Алаба и Захави ги поставија условите и потребна е плата од 12 милиони евра годишно (нетот), бонуси и пари за Захави како посредник на трансферот.

Сепак, „Ел Чирингито“ тврди дека Реал Мадрид нема намера да му даде на Алаба се што сака. Платата од 12 милиони евра е превисока и скоро сигурно нема да му биде понудена, особено во период на финансиска криза поради коронавирусот. Така, Алаба ќе се најде во непријатна ситуација. Неговата желба е потпис со Реал, но Флорентино Перез не ги прифаќа условите што тој ги побара, па сега е под знак прашалник потписот за „кралевите“.

Австриецот сè уште се поврзува со Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити, па ќе видиме дали некои од овие клубови ќе му ги понудат условите што ги посакува.

Се вчитува...