Македонската репрезентација би можела сепак да учествува на СП во Египет, по информацијата за масовна заразесност на чешките ракометари од Covid-19.
Чешка денеска требаше да се сретне со Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2022, но задолжителните тестови по доаѓањето во државаата покажале дека дури осум чешки ракометари се позитивни на коронавирус. Ако на тоа се додаде дека и двајцата селектори, Кубеш и Филип, исто така се позитивни, јасно е дека ризикот од целосна заразеност во чешкиот табор е огромен.
Македонија е прва резерва за учество на СП токму при една ваква варијанта, доколку една од селекциите учеснички има голем број на позитивни ракометари пред почетокот на мундијалот. Се очекува во следните два дена да се следи ситуацијата во чешкиот табор, по што ќе биде донесена и официјалната одлука, дали оваа селекција ќе патува за Египет или своето место ќе го препушти на Македонија.
СП во Египет стартува на 13 јануари, а Чешка се наоѓа во групата Г заедно со домаќинот Египет, Шведска и со селекцијата на Чиле, со која Македонија вчера одигра контролен меч токму како загревање на Чилеанците за СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

