Камил Штох стигна до трет триумф на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и влезе во групата на легенди на ски-скоковите.
Штох победи и на последното натпреварување во австриски Бишесхофен со скокови од 139 и 140 скокови. Второто место му припадна на Норвежанецот Мариус Лидвик, додека третопласиран заврши Карл Гајгер од Германија. Во вкупниот пласман на турнејата второто место му припадна на Гајгер, додека како трет заврши Норвежанецот Гранеруд.
Со третата победа на новогодишната турнеја, Полјакот стана само петтиот во историјата кој успеал најмалку три пати да се радува на трофејот. По три имаат Германецот Хелмут Рекангел и Норвежанецот Бјорн Виркола. Еден повеќе има уште еден Германец, Јенс Вејсфлог, додека убедливо на врвот е „летечкиот Финец“ Јане Ахонен со пет трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА