Италијанските легенди со критики за Роналдо: „Јувентус победи без него, тој се мачи…“

Јувентус испрати јасен сигнал дека и натаму е „жив“ со победата од 1-3 во големата дерби пресметка против Милан на „Сан Сиро“.

Роналдо одигра цел натпревар, но воопшто не беше на ниво. Па, по дуелот следеа бројни критики на сметка на Португалецот.

Интересно, Роналдо има 14 гола и е прв стрелец во Серија А, но според реакциите на Џузепе Бергоми и Фабио Капело очигледно нема право на лош натпревар.

„Ова е можеби неговиот најлош или еден од најлошите натпревари во дресот на Јувентус кој победи без него“ – вели Капело.

А, слично е размислувањето и на Бергоми.

„Кога ритамот е висок, Роналдо се мачи. Така беше и против Аталанта. Не се снаоѓа најдобро“ – е коментарот на Бергоми.

Се вчитува...