Бартомеу диригира од сенка – Се одложуваат изборите во Барселона?!

Барселона ја очекуваат најважните избори во историјата на клубот, но привремената управа на чело со Карлос Тускец, прави се што може да го пролонгира гласањето. 69-годишниот Шпанец докажа дека е „десна рака“ на Бартомеу со закажување на изборите во максималниот рок според статутот на клубот, а сега се обидува дополнително да го пролонгира рокот.

Причина за тоа, како што наведуваат од раководството е тешката епидемиолошка ситуација во Каталонија, а најголемите поддржувачи на оваа идеја се поранешните луѓе на Жозеп Бартомеу, кои сакаат да го искористат дополнителното време за привременото раководство да ја среди документацијата која го укажува лошото работење во клубот.

Конечната одлука, во согласност со препораките на лекарите, ќе биде донесена на 14. јануари, кога и дефинитивно ќе се знае дали изборите ќе бидат одржани на 24. јануари, или две недели подоцна. Според последните анкети главни кандидати за наследување на „престолот“ во Барселона се Лапорт и Фонт, кои се противници на Бартомеу.

Се вчитува...