Јапонија го прекина јавното прикажување на олимпискиот и параолимпискиот оган по големиот пораст на заразени од коронавирус. Токио последните 24 часа пријави 2.447 случаи што е скок од 50 отсто во однос на претходниот ден.
Во соопштението од властите во Токио се наведува дека изложбите на кои се изложени факелите од денеска се откажани и дека ќе биде така најмалку до 29. јануари. Штафетата на олимпискиот пламен треба да почне на 25. март, а на неа ќе учествуваат 10.000 луѓе.
ЛОИ во Токио требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата од коронавирусот тие се одложени за годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА