Откако дебитираше како професионалец во 2013 година, Ентони Џошуа стана двократен светски шампион во тешката категорија, а доминацијата ја докажа во 2019 година кога во реваншот против Енди Руис ги освои титулите во СБА, МБФ и СБО шампионатите, а пред месец дена истите ги одбрани со нокаут против Бугаринот, Кубрат Пулев.
Сега 31-годишниот Англичанец во разговор за „Скај спортс“ го најави и крајот на својата кариера, а ја прокоментира и својата следна борба против Тајсон Фјури.
„Ова не е почеток на мојата кариера, се ближам до крајот. Не сум човек кој живее во моментот и мисли дека се ќе биде како што е сега. Секогаш планирам однапред, а јас чекорам кон крајот на мојата кариера. Ми останаа уште пет години, тоа е практично и еден олимписки циклус, по кој на сцена ќе дојде нова генерација. Фјури е професионалец повеќе од мене и треба да се повлече наскоро. Доколку сака да го зајакне своето наследство, јас сум тука и подготвен сум“ – изјави Ентони Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА