Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски во сабота (9. јануари) со првата прозивка во новата година ќе означи старт на подготовките на „сините“ за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток, информираат од штипскиот второлигаш.
Веќе утврден е планот и за подготовките на тимот се до стартот на вториот дел од шампионатот закажан за 27. февруари. Првата фаза од подготовките фудбалерите на Брегалница ќе ја одработат во Штип, а од 3. до 14. февруари ќе бидат финалните подготовки во Дојран.
Веќе се договорени шест пријателски средби. Се почнува на 23. јануари со дуелот против Кит Го, потоа на 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Борец, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Скопје.
Екипата на Кит Го, пак, подготовките ќе ги стартува на 11. јануари, а веќе договори пет пријателски натпревари. Првиот тест дуел за пехчевци е против Брегалница на 23. јануари. На 30. јануари е закажан дуел со Кожуф, на 6. февруари ќе се одмерат силите со Осогово, на 13. февруари со Брегалница Делчево и генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 20. февруари со Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА