Неверојатен натпревар одиграа Денвер Нагетс и Далас Маверикс кој гостите го добија со 117-124. Фантастична вечер имаа Лука Дончиќ и Никоја Јокиќ. Словенецот го водеше Далас до победа со 38 поени, надополнети со 13 асистенции и девет скока. Ист број на поени уфрли и Никола Јокиќ кој имаше и 11 скока и четири асистенции.
Шампионот Лос Анџелес Лејкерс загуби на домашен терен од Сан Антонио со 109-118. Ламаркус Олдриџ со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Лејкерс Леброн Џејмс заврши со 27 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда Бруклин – Филаделфија 122-109, Мемфис – Кливленд 90-94 и Портланд – Минесота 135-117.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

