Кошаркар на Филаделфија на клупа за резерви дозна дека е позитивен на Ковид-19

Кошаркарот на Филаделфија 76, Сет Кари дозна дека е позитивен на коронавирус во текот на првата четвртина во мечот против Бруклин Нетс. Кари не влезе во игра во текот на првиот период, но седеше на клупата за резерви со своите соиграчи.

Кога клубот дозна дека Кари е позитивен на коронавирус кошаркарот веднаш беше изолиран во посебна просторија и одвоено од екипата ја напушти салата.

 

Се вчитува...