Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер е хоспитализран во тешка состојба, но за среќа е стабилен, потврди неговата ќерка Корин.
„Мојот татко е во болница и се чувствува подобро. Му треба време и одмор. Ве молам да ни дозволите приватност“, изјави Корин.
Блатер беше прв човек на ФИФА од 1998 до 2015 година. Во 2014 против него беа почнати судски процеси, меѓу кои и дека примил мито за организација на Светското првенство 2018 во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА