Астон Вила го „копира“ Клоп, со „деца“ ќе игра против Ливерпул

Вечерашниот дуел помеѓу Астон Вила и Ливерпул во ФА Купот ќе биде сосема различен од првиот кој го одиграа овие две екипи во Премиерлигата, и заврши со резултат 7-2 за тимот од Бирмингхем, а главен виновник за тоа е коронавирусот.

Последните тестирања пред дуелот утврдија голем број на позитивни случаи во таборот на Астон Вила, на теренот нема да биде ниту тренерот Дин Смит, a тимот ќе го предводи Марк Дилејни, кој ќе биде проморан да го користи „методот“ на Клоп, со настап на младинскиот состав и своите играчи до 23 години.

Како потсетување, овие два тима веќе одиграа еден ваков натпревар, претходната година кога Клоп поради настапот на клупското Светско првенство испрати младински состав на дуелот против Астон Вила во Карабао Купот, и беше поразен со 5-0.

Коронавирусот пустоши низ „Островот“, па останува отворено прашањето што ќе биде со фудбалот во Англија. Веќе на четири дуели во ФА Купот, клубовите беа проморани да прават радикални промени во своите состави или да ги одложат средбите.

Се вчитува...