Зверев ја прекина соработката со Давид Ферер

Германскиот тенисер Александар Зверев му се заблагодари на шпанскиот стручњак Давид Ферер за времето поминато во неговиот тим.

Во соопштението пишува дека и официјално соработката меѓу Зверев и Ферер завршува во оваа 2021-та година.

„Му благодарам на Давид за месеците што ги помина со мене, за времето на теренот и надвор од него. Му посакувам се најдобро во иднина. Исто така, му благодарам на неговото семејство што ми даде можност да поминам драгоцено време со Давид во толку тешки услови. Имам голема почит кон начинот на кој играше Ферер и како сега работи како тренер “, изјави Зверев.

Не е откриено зошто Германецот и Шпанецот го раскинале договорот за соработка. Ферер рече дека ништо посебно не се случило, и дека тој сè уште е во добри односи со Зверев.

Се вчитува...