Леброн: Сите знаеме што ќе се случи ако момци како мене ја нападнат Белата куќа

Настаните во Вашингтон, упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во Белата куќа, не можеа да поминат без коментарите на Леброн Џејмс.

Легендата за американскиот спорт е позната како жесток противник на актуелниот претседател на САД, со кого често беше во „војна“ на социјалните мрежи, како и активен поддржувач на движењето „Црните животи имаат значење“.

“Ние имаме две Америки. Примерот за ова е јасен, после се што се случи. Оној што не го разбира ова, мора добро да размисли, да направи чекор назад, десет чекори назад и да види до што се ова води. Едноставното прашање е – дали сакате вашите деца, внуци да живеат во Америка како што беше пред две ноќи? “, рече Леброн.

Леброн укажа дека ваквите протести и настани лесно можат да бидат решени, но потребни се луѓе како него, кои нема да се мислат за да ги стишат и прекинат овие насилства.

“Да влезеа луѓе како мене во Белата куќа каков ќе беше исходот – мислам дека сите знаеме. Нема ниту не знам, или можеби – сè е јасно тука. Сите знаеме што ќе се случи ако момците со ‘темна кожа’ го нападнат Капитол”, рече асот на Лејкерс.

Се вчитува...