Ракометарите на Вардар авантурата во ракометната СЕХА лига ќе ја стартуваат на 28. јануари на домашен терен против Војводина. „Црвено-црните“ требаше да стартуваат на 1. февруари со мечот против Нексе, но календарот донесе промени и тие ќе стартуваат четири дена порано.
Подготовките за вториот дел од сезоната вардарци ќе ги почнат на 11. јануари, но во некомплетен тим поради настапот на дел од играчите во репрезентациите. РК Вардар во период од еден месец ќе одигра дури 10 натпревари, а покрај СЕХА лигата ги очекуваат и возбудувањата во Лигата на шампионите. Избраниците на Алушовски во елитното натпреварување почнуваат на 4. февруари на гостински терен против Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА