Копа дел Реј – Барса против нисколигашот кој го елиминираше Атлетико, Реал на Алкојано

Нисколигашот Корнелја кој што приреди неверојатна сензација во претходно коло од Копа дел Реј во кое го елиминираше Атлетико Мадрид, во шеснаесеттина финалето ќе ја дочека големата Барселона. Корнелја со 1-0 славеше над Атлетико Мадрид, а дека лесна задача нема да имаат и Каталонците е самиот податок што Корнелја домашните натпревари ги игра на вештачка трева, која знае да биде многу незгодна.

Реал Мадрид исто така извлече нисколигаш и ќе игра со Алкојано. Леванте на нашиот Енис Барди за противник ја доби Фуенлабрада. Севилја ќе се сретне со Леганес, додека Вилјареал со Тенерифе.

 

Се вчитува...