Еуро Никел е ден од најискусните тимови во Првата лига, кој по завршувањето на првиот дел од сезоната остави одличен впечаток поготово со победата над МЗТ Скопје сред Аеродром, но и на дуелот на „Кале“ против Работнички каде по одличната игра во второто полувреме избраниците на Горан Самарџиев беа блиску до комплетен пресврт. „Полу-сезоната“ која што е како ниедна досега од таборот на кавадарчани ја карактеризираат како успешна, но и жалат за малиот број одиграни натпревари.
„И покрај корона кризата која ги зафати сите, морам да кажам можеше и да се одигра и некој натпревар плус. Целата ситуација во која западнаа сите клубови во првиот дел од сезоната каде некои одиграа три, некои пет, други седум дуели не ни ја дава јасната слика за моменталната ситуација во Првата лига. Меѓутоа сега кога ќе се играат дуели среда-сабота и ќе се врзат седум, осум дуели во низа ќе добиеме една вистинска слика за односот на силите. Ние одиграваме само еден натпревар на домашен терен, а дури пет на гостински меѓутоа јас сум задоволен од прикажаното на мојот тим, и моите играчи, како и управата и спонзорот кои редовно си ги вршат своите обврски“ – изјави тренерот на Еуро Никел.

Тимот од Кавадарци ја има „највозрасната петорка во лигата со просек од 33.6 годишна возраст меѓу играчите. Овој податок носи искуство, но во густиот распоред кој следи и големиот број на натпревари од регуларниот дел, но и одигрување на заостантите натпревсари потребно е растеретување на предводниците на тимот, проблем на кој „сино-белите“ активно работат.
„Го имаме еден од најискусните тимови во лигата, но колку и тоа да е предност, истото носи и мала негативност со оглед на тоа што овие играчи се во поодминати години, а и покрај тоа што се подготвени максимално во еден ритам среда-сабота може да биде проблем. Во потрага сме по ново засилување, пред се на центарската позиција каде треба да се растеретат Мијатовиќ и Казарновски на кои падна и теретот во првиот дел од сезоната. Мал проблем е тоа што во лигата има 12 тима со што имаме се помалку можност за доведување на домашни играчи, а странците се ограничени и со правилото на бројот на странци на паркетот истите стануваат луксуз. Очекувам поддршка и од младите играчи, поготово на оние натпревари од долниот дел од табелата на кои мораат да помогнат и да ги растеретат искусните“ – додава Самарџиев.
Како еден од најискусните тимови во лигата, Еуро Никел е еден од претендентите за највисок пласман, победничкиот менталитет кавадарчани до докажаа во неколку наврати, но зрелоста носи и една друга димензија, претпазливост, која и те како е присутна во Кавадарци.
„Ние како клуб на секој натпревар одиме на победа и атакуваме на висок пласман. Неблагодарно е да кажеме дека ние сме фаворити особено во една вакви сезона каде што се покажа дека секој може да добие секого. Според мене главни фаворити се МЗТ Скопје и Работнички кои имаат најголем број репрезентативци, но не може да не се споменат и Пелситер кое е најпријатното изненадување. Они се комплетен тим со одличен тренер и добри и искусни домашни и странски играчи. Тука е и Гостивар, како и Кожув кој ги промени странците, и не знаеме како ќе игра во продолжетокот на сезоната. Академија ФМП и ТФТ покажаа сили и навистина ќе биде неизвесно, особено сега кога нема голема разлика и непрофесионалности како во претходните сезони. Јасно е дека влијание ќе има и коронавирусот со тоа кој ќе остане здрав, кој ќе ги избегне повредите и каков ќе биде системот на натпреварување, кој досега беше таков каде што се одложуваше дуел на секој кој ќе покаже позитивен или потенцијално заболен. Има најави дека ќе има промени во овој случај, што според мене е површно, бидејќи доколку игравме вака досега така треба и да продолжиме, но одлуката останува на федерацијата“ – додава младиот стратег.
Првиот противник во продолжението од сезоната за Еуро Никел е новалијата ТФТ, натпревар кој ќе биде одигран на 16. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

