Србинот Бранко Михајловиќ треба да биде засилувањето за нападот на Академија Пандев, за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
29-годишниот офанзивец, кој фудбалски потекнува од школата на Партизан, доаѓа од Мачва, а зад себе има богато интернационално искуство од унгарски Диошѓер, израелски Хапоел Петах Тиква како и Чукарички, Рад, Ловчен…
„Пандевци“ денеска под водство на новиот тренер Александар Васоски ги стартуваа подготовките. Нови имиња се и Манев, Шаркоски и голманот Марко Јовановски.
Од клубот по крајот не есенскиот дел заминаа Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

