И Шкупи означи старт на подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Новиот шеф на стручниот штаб Хасан Озер денеска не беше на првиот собир со фудбалерите поради комплетирање на документацијата за пристигнување во Скопје. Озер од следната недела ќе се приклучи на тимот, по што треба да стартуваат и активните подготовки за продолжението од шампионатот.

Од клубот досега си заминаа најдобриот фудбалер Дембо Дарбо кој се пресели во Шахтјор Солигорск, како и Дарко Глишиќ кој е пред потпис со кипарска Докса. Најавени се и бројни засилувања на тимот за пролетната сезона. Шкупи досега го промовираше Кристијан Трапановски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

