Грчки Олимпијакос триумфираше над Баерн Минхен со 84-82 во натпревар од 18. коло во кошаркарската Евролига. Во текот на сите четириесет минути натпреварот беше израмнет, а подобрата концетрација на грчкиот тим во последните минути беше клучен за победа на тимот од Пиреа. Најдобар поединец кај победникот беше Костас Слукас со 24 поени, додека во таборот на Баерн Минхен залудни беа 26 поени на Ди Џеј Сили.
Жалгирис Каунас славеше на домашен терен против Химки со 102-75. Гостите одлично го отворија натпреварот и на полувреме заминаа со предност од девет поени разлика (39-48).
Сепак, одлучувачка беше третата четвртина која литванската гордост ја доби со неверојатни (39-13), што беше доволно за конечен триумф од 102-75. Жофри Ловерњ со 29 поени, надополнети со 9 скока и 2 асистенции беше прво име во победничкиот табор, додека кај гостите се истакна Алексеј Швед со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА