Фудбалерите на Реал Мадрид вчера повеќе од три часа седеа заглавени во авион на аеродромот во Мадрид поради снежната олуја во главниот град на Шпанија.
Поради временски неприлики, кралскиот клуб одлучи порано да отпатува за Памплона каде денеска играат против Осасуна. Но, не успеаја да го избегнат снежното невреме кое синоќа го зафати Мадрид.
Фудбалерите на Реал веќе беа во авионот кога почнаа проблемите, па пилотот порача дека под такви услови едноставно не може да се полета. Но, никој од кралскиот клуб не претпоставуваше дека ќе минат повеќе од три часа во авион. Дури по четири часа ситуацијата се смири, и авионот успеа да полета, а експедицијата на Реал во раните утрински часови пристигна во Памплона.
??| Barajas tracks have closed. Real Madrid can’t fly and don’t know when they will be able to take off.@JLSanchez78
This is the situation of the airport:pic.twitter.com/4TxhRnQZQR
— Madrid Xtra. (@MadridXtra) January 8, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

