Снежното невреме во Мадрид го одложи мечот меѓу Атлетико и Билбао

Натпреварот од 18. коло во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао нема да се игра поради невремето што ја зафати Шпанија, а кое предизвика и затворање на аеродромот во Мадрид.

Аеродромот Барахас веќе е затворен, бидејќи невремето спречувало безбедно слетување и полетување на авионите. И двата клуба беа контактирани од челниците на Ла Лига и е договорено натпреварот да се одложи.

Натпреварот требаше да се игра денеска од 16:15 часот, како втор натпревар за новиот тренер на тимот од Баскија, Марселин Гарсија Торал. Тој доживеа пораз од Барселона пред неколку дена, а на првото гостување требаше да го предводи својот тим против Атлетико.

Се вчитува...