Најевтиниот трансфер во историјата на Ла Лига чини колку едно кафе!

Најевтиното засилување во историјата на шпанската лига чини колку една чаша кафе или чај во некои луксузни кафулиња и ресторани. Ова е неверојатна, но вистинита приказна. Во 2013 година, верувале или не, Бетис го купи Седрик Мабвати за само 1,20 евра!

Мабвати ја започна својата кариера во Атлетико Мадрид, а на 18-годишна возраст замина во Нумансија, за потоа да го привлече вниманието на Бетис.

Во неговиот договор стоела клаузула дека кој сака да го купи пред 15. јуни, треба да издвои 1,20 евра, кои Бетис ги кеширал и на тој начин го ангажирал како најевтино „засилување“ во историјата на шпанската лига.

Конгоанецот не се снајде најдобро во Андалузија, неговите соиграчи често се шегуваа на сметка на него, па по 23 одиграни натпревари се пресели во Колумбос Кру.

Седум години подоцна, по скромниот трансфер, ова крило се смести во третолигашот Реал Авилс откако во 2017 година се здоби со тешка повреда на коленото, па долго време беше надвор од терените.

Се вчитува...