Кој има пари тој и ќе игра: Асвел на чекор од „А-Лиценца“ во Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб, Асвел постигна начален договор со Евролигата за добивање на трајна лиценца за настап во најдобрата кошаркарска лига во Европа, соопшти првиот човек на лигата, Жорди Бартомеу.

„Се надевам дека до крајот на февруари, почетокот на март ќе можеме да го објавиме договорот и да ја започнеме интеграцијата на Асвел како долготраен член на Евролигата“ – изјави Шпанецот.

Со тоа Асвел би постанал 12. клуб од 18 учесници со А-лиценца во ова кошаркарско натпреварување, а истата ќе му гарантира на францускиот клуб учество во натпреварувањето во следните десет години.

Се вчитува...