Емил Рајковиќ продолжува со одличните резултати на чело на Астана во силната ВТБ-лига откако македонскиот стратег денеска го доби ‘скалпот’ на Локомотив Кубан, совладувајќи го рускиот гигант со 86-82.
Во изедначениот натпревар со голем број на резултатски промени клучна беше завршницата на последната четвртина кога при негатива од 72-76, Астана имаше серија од 9-2 со која стигна до предност од 81-78, а потоа и одолеа на налетот на рускиот претставник во Еврокупот.
По оваа победа македонскиот стратег и казакстанскиот тим се наоѓаат на 10. позиција во ВТБ-лигата со скор од 4-7, но и два натпревари помалку од предвиденото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА