Шахтјор Солигорск го официјализираше трансферот на Валон Ахмеди

Белорускиот Шахтјор Солигорск го официјализираше трансферот на досегашниот фудбалер од средниот ред на Шкендија, Валон Ахмдеи.

26-годишниот Ахмеди одигра одлична полусезона во дресот на тетовци по што следи трансферот во најдобриот клуб од Белорусија, каде потпиша и досегашниот напаѓач на Шкупи, Дембо Дарбо.

Ахмеди претходно во својата кариера има настапи и за Интер Запрешиќ во Хрватска, како и за Кирјат Шмона во Израел, Марибор и Целје во Словенија.

Се вчитува...