Зинедин Зидан беше лут поради одигрувањето на синоќешниот натпревар меѓу Осасуна и Реал Мадрид во Памплона, под снежни услови, кој заврши без голови.
Дури 40 работници цел ден вчера работеле на оспособување на теренот за натпреварот, па Ла Лига дозволи да се игра. Претходно, пак, Зидан и неговите фудбалери четири часа чекаа во Мадрид за да може да полетаат кон Памплона, па сигурно за ремито може да обвинуваат се што се случуваше пред мечот но и лошиот терен.
„Направивме се што можевме на тој терен, но ова не беше никаков фудбалски натпревар. Условите беа навистина тешки, не знам зошто дозволија да се игра, мораше мечот да биде откажан. Се што ни се случи овие два дена беше тешко и компликувано. Не знаеме ни кога ќе се вратиме дома. Не навлегувам околу тоа дали Ла Лига ни наштети нам, ние само правевме како што ни налагаат. А сега во среда не чека нов натпревар, а не знаеме кога ќе се вратиме“ – истакна Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

