По вчерашната победа на Шалке 04, фудбалскиот клуб Тасманија од Берлин остана, сепак, недостижен и се уште си ја чува титулата најлоша екипа во историјата на германскиот фудбал.
Тасманија во сезоната 1965/66 успеа во тоа што пред и потоа не и успеало на ниту една екипа во Германија – да врзе дури 31 натпревар без победа. А, рекордот за малку ќе беше срушен…
Шалке 04 вчера триумфираше против Хофенхајм со 4-0, па за среќа на Тасманија, остана на само 30 врзани натпревари без победа. Звучи можеби апсурдно, но во Тасманија вчера славеа затоа што Шалке не успеа да го стигне нивното „достигнување“.
„Ова е прекрасен ден за нас. И натаму ние сме со тој рекорд“ – рече вчера поранешниот капитен на Тасманија, откако Шалке го декласираше Хофенхајм.
Во берлинскиот клуб се свесни дека само овој историски факт ги одржува „живи“. Се додека е овој рекорд ќе се зборува за Тасманија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

