Тренерот на Атланта, Лојд Пирс вели дека српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ го чека долга пауза по повредата на зглобот на синоќешниот натпревар.
„Ќе биде тешка сезона за нас, затоа што Богдан ќе мора да отсуствува подолго време. Ова е голем хендикеп за нашата екипа, затоа што добро тргнавме сезонава. Се обидовме да играме со Богдановиќ како втор плејмејкер, топката одлично се движеше. Веќе почнавме на вистински начин да ја пронаоѓаме својата игра, но ете сега по оваа повреда немавме среќа да го запознаеме повеќе на терен. Сега ќе треба да го чекаме да се врати“ – истакнува Пирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

