Лампард: Не стравувам од отказ, со подмладен тим толку можеме

Менаџерот на Челси, Френк Лампард е свесен дека неговата репутација на „Стемфорд Бриџ“ нема да му помогне да остане на клупата, доколку тимот не забележува добри резултати.

„Сините“ одлично ја започнаа сезоната, но на последните три натпревари во Премиерлигата освоија само еден бод и со 26 бода се наоѓаат на осмото место со Астон Вила и Вест Хем.

„Сè што сакам е да се фокусирам на работата. Се разбира, не сакам да се потпрам на она што се случило во минатото. Пред еден месец, се чинеше дека одиме во вистинската насока, но сè се смени брзо. Чувствував огромна поддршка од клубот од кога ме назначија за главен тренер. Јас разбирам што е тоа фудбал. Јас ги разбирам барањата и очекувањата. Сè што можам да направам е да бидам искрен“, изјави Лампард.

Во последно време медиумите шпекулираат дека челниците на Челси веќе го бараат наследникот на Лампард.

„Отпуштањето или назначувањето тренер дефинитивно е право на претседателот на клубот, Роман Абрамович. Признавам дека кога дојде во Челси пред многу години, тој имаше позитивно влијание врз мојата кариера. Кој знае каде ќе играм ако тој не се појавише, но за среќа бев во клуб кој целосно се смени со нов сопственик. Тука сум и мислам дека работата што ја работев минатата сезона, кога бевме четврти, може да се каже дека е одлично достигнување со оглед на подмладениот тим“, рече Фернк.

Челси денес од 14:30 часот го пречекува Мореком, во третото коло на ФА купот.

Се вчитува...