„Десетка“ на Димитријевиќ во новиот пораз на Хувентуд

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд претрпеа уште еден пораз во Ендеса-лигата, губејќи на гостувањето против Гран Канарија со 96-85. Пресудна беше последната четвртина што домашните кошаркари ја добија со 22-12, на крајот стигнувајќи до убедлив триумф.

Македонскиот плејмејкер воопшто не влезе во игра во првата четвртина. До крајот тој мина на теренот неполни 19 минути, период во кој постигна 10 поени, имаше и две асистенции, но и четири загубени топки.

Најефикасни во таборот на Хувентуд беа Лопез Арестеги и Бродзиански со по 14 постигнати поени, додека прв стрелец во победничкиот тим беше екс-центарот на Хувентуд, Оливер Стевиќ, со 15 поени.

Се вчитува...