Домашниот автомобилист Јазед Ал Раџи на Тојота триумфираше на седмата етапа на годинашното издание на Дакар која се возеше од Хаил и Сакака. Етапа долга 737 километри од кои 453 специја, Саудиецот ги помина 4:21:59 часа, што беше за 48 секунди побрзо од второпласираниот Стефан Петерхансел на Мини. Подиумот го надополни Карлос Сајнц исто така на Мини.
Во генералниот пласман Петерхансел ја зголеми предноста пред првиот конкурент Насер Ал Атијах на Тојота кој денеска заврши како четврти и сега таа изнесува 7:53 минути. На третото место е Карлос Сајнц со задоцнување од 41:06 минути.
Во конкуренција на мотоциклисти на седмата етапа славеше Рики Брабек на Хонда, пред Хозе Игнасио Корнехо Флоримо исто така на Хонда и Скајлер Хоус на КТМ. Во генералниот пласман е неверојатно израмнето. Корнехо Флоримо има само секунда предност пред Тоби Прајс, додека Сем Садерленд кој е трет доцни 2:11 минути.
Утре на програмата е осмата етапа во должина од 709 километри која ќе се вози од Сакака до Неом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА