Езгијан Алиоски и Лидс беа шокирани во третото коло од ФА Купот, губејќи на гостувањето против четвртолигашот Кроли Таун со убедливи 3-0. Македонскиот репрезентативец беше стартер во тимот во кој Биелса ротираше неколку првотимци, но не успеа да помогне да биде избегнат дебакл.
Мечот беше решен во второто полувреме, во кое Царула со извонреден гол по соло-продор го отвори резултатот. Голманот Кико Касилја направи голема грешка при вториот гол за Кроули таун, а конечните 3-1 во 71. минута ги постави Туниклиф.
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Бирмингем со рутински триумф од 3-0. Бернардо Силва постигна два гола во почетните 15 минути од мечот, на 3-0 зголеми Фоден, по што Пеп Гвардиола во второто полувреме ги повлече клучните фудбалери од теренот, давајќи им одмор пред новите предизвици во Премиер-лигата.
Челси славеше со 4-0 над Морекомб, меч на кој својот голгетерски пост од 12 меча без постигнат погодок го прекина Тимо Вернер. Стрелец беше и вториот Германец во тимот, Каи Хаверц, а во листата на стрелци се запишаа и Маунт и Хадсон Одои.
The #FACup
Where League Two players turn into Lionel Messi ?pic.twitter.com/9AbRCl18dK
— Goal (@goal) January 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

