Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски не може да поверува дека неговиот Лидс прими три гола од четвртолигашот Кроули во ФА купот.
Лидс доживеа голем срам кој е необјаснив…
„Не знам што да кажам. Навистина сме многу разочарани, ова не е резултатот кој го сакавме. Премногу сум тажен, сериозно му пристапивме на мечот затоа што сакавме да продолжиме понатаму во ФА купот. Но, доживеавме огромно разочарување. Играчите на Кроули го имаа натпреварот на својот животи. Не можам да објаснам и да поверувам што се случи. Менаџерот го кажа тоа што го кажа, сите сме разочарани и тажни“ – изјави Алиоски по денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

