Натпреварите од претстојниот ракометен мундијал во Египет ќе се играат без присуство на навивачи, откако ИХФ попушти под притисокот и бројните критики од врвните ракометари по најавите дека ќе биде дозволено ракометните фанови во живо да ги следат натпреварите од овој светски шампионат.
Хансен и Сагосен беа само дел од „ѕвездите“ кои жестоко ја критикуваа ваквата најава од светската куќа на ракометот, најдобриот дански ракометар дури се закани и со неиграње на СП 2021, за денеска да биде објавено дека одлуката е сменета, па наместо 20% од капацитетот на салите, на трибините нема да биде дозволено присуство на навивачи.
„Врховниот организациски комитет заседаваше денеска, со членови на ИХФ и на египетските здравствени власти кои дискутираа околу детали за претстојниот ракоемтен мундијал. Притоа, донесена е одлука да биде забрането присуство на навивачи во салите. Целиот шампионат ќе се игра зад затворени врати, како дел од мерките за заштита од коронавирусот“, се вели во соопштението на ИХФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

