Иднината не ни е розова, но не е ниту црна (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дури и со подмладен состав, македонската ракометна репрезентација делува моќно кога против себе го има Чиле. Јасно е дека јужноамериканската селекција е предалеку од светската елита, но добра вест за нас е што покажавме дека и со ваков состав, без бројни првотимци, можеме на рутина да добиваме ривали кои важат за аутсајдери.

Брестовац повторно често ротираше, се со цел да види на дело што повеќе ракометари, а севкупниот впечаток по овој јануарски собир мора да биде позитивен. Место за напредок дефинитивно постои, но до него ќе се дојде само до што повеќе натпревари за овие млади играчи, како на репрезентативен, така и на клупско план.

Иднината на репрезентативниот ракомет можеби не е розова, но не е ниту црна, како што стравуваа многумина…

 

Се вчитува...