Деле Али се избламира: Цела клупа му се смееше, Бејл му покажа картон за глума

Деле Али целосно ја има загубено самодовербата откако ја грее клупата цела полусезона во Тотенхем, па англискиот репрезентативец се избламира и на денешниот дуел со аматерите на Марин.

Тој се лизна и падна во моментите кога немаше ниту еден противнички фудбалер околу него, а случката беше непосредно пред клупата на „спарси“. Резервните фудбалери му фатија сеир на Али, додека Герет Бејл му покажа картон за глума на својот соиграч.

Деле Али е се поблиску до заминување од Тотенхем, а најголеми шанси во трката за негов ангажман му се даваат на ПСЖ, особено откако на клупата на „светците“ седна Маурицио Покетино.

Се вчитува...